Возач на автобус во Франција почина во понеделникот откако бил претепан бидејќи не секал да пушти да влезат патници без маски – јавува ББС.
Имено, нападот по кој се приведени пет лица се случил во неделата навечер во градот Бајоно во југозападна Франција. Возачот кој имал пеесетина години прво се обидел да го спречи патникот кој бил без маска да влезе во автобусот. Исто така замолил уште четири патници кој веќе влегле без маски, да излезат. Возачот потоа бил претепан и со повреди на главата, онесвестен, завршил во болница каде што починал.
Петтмината напаѓачи се приведени и притворени. Јавниот превоз во понеделник одредено време беше во прекин откако другите возачи во знак на протест одбија да возат.
Инаку, досега во Франција од корона има починато над 30.000 лица и носењето маска е задожително.