Џесика Адамс е една од астролозите кои ја предвиделе пандемијата на коронавирусите. Таа се вклучи во утринската програма и откри сè во врска со нејзината техника, како и што можеме да очекуваме кога станува збор за овој проблем со кој се соочуваме на глобално ниво, во периодот до новогодишните празници.
-Ја користам истата техника што ја користеа Нострадамус и британскиот астролог Вилијам Лили, ја започна таа својата презентација.
-Го видов доаѓањето на вирусот, го објавив на мојата страница, а вториот пат го предвидев доаѓањето на вирусот и неговото ширење, откри Адамс.
-Сега се враќаме во минатото со овој вирус, ситуацијата во општествата е слична како и во Втората светска војна. Враќањето во нормала на животите сè уште не е видливо, сè зависи од настаните во текот на наредната година, открила таа.
-Неколку денови пред Божиќ следи периодот на Водолија, така што во тој период ќе се појави посилна конекција помеѓу луѓето, внимавајте со кого ги поминувате празниците затоа што со тие луѓе ќе ја поминете цела наредна година, затоа потрудете се вашето друштво да ви биде што попријатно, изјавила Џесика.