Серена Вилијамс не го заврши мечот од третото коло на Индијан Велс против Гарбине Мугуруза. Официјалното објаснување е дека Американката се повлекла поради вироза.
Тааоибјасни дека и бил многу тешко и дека и се вртело во глава.
“Според резултатот можеби изгледа дека подготвена влегов во мечот, но очигледно е дека не се чувствувам добро “ изјави по мечот Серена.
Инаку, Вилијамс ги доби првите три гема од мечот во кои изгледаше сосема добро, но потоа Шпанката доби седум гема по ред и водеше до 6-3 и 1-0 кога Серена реши да се повлече. Поранешната тенисерка број еден беше десетторангирана во Индијан Велс.
Мугуруза во следната рунда ќе се соочи со Кики Бертенс кој ја победи Џоана Конта. Серена Виијамс најави дека ќе почне да се подготвува за тунрирот во Мајами.
What a shame – Serena Williams is forced to retire from the match with @GarbiMuguruza leading 6-3, 1-0.#BNPPO19 pic.twitter.com/SrbaekZg6C
— WTA (@WTA) March 10, 2019