Колин Алин (41) и неговата сопруга Хилда успеале да истрчаат 42,2 километри на нивниот 20-метарски балкон во Дубаи поминувајќи од една до друга страна повеќе од 2.100 пати.
Фотографијата споделена на социјалните мрежи на која е прикажана времето, покажува дека маратонот на балкон тие го истрчале за 5 часа, 9 минути и 39 секунди.
„Успеавме“, напишал Колин на Инстаграм со хаштагот #балконскимаратон.
Тој и честитал на сопругата на првиот истрчан маратонот и и’ се заблагодарил за зборовите на охрабрување за сите кои ги следеле преку Интернет.
„Луѓе, ви благодарам на сите за вашата поддршка. Одлично беше да трчам заедно со вас“, напишал тој.
Инаку, ќерката на Колин и Хилда, Џена (10), била судија. Таа на балконот ги објавила зборовите „Старт“ и „Цел“, а за време на балконскиот маратон ги снабдувала своите родители со вода и закуски, пуштајќи им малку стимулативна музика.