За време на целата бременост на војвотката од Сасекс, Меган Маркл (37), Британците се обложуваа на полот на бебето, името, датумот на раѓање… Квотите беа големи, а една среќничка вложи 120 фунти дека бебето на Меган и Хари (34) ќе се вика Арчи, според „Дејли мејл“.
Поради кралската принова, жената, чиј идентитет не е откриен, се збогати со дури 18.120 фунти, односно 21.000 евра. Внукот на жената што го доби облогот се вика Арчи и својата добивка таа планира да ја чува за него.
„Во име на Арчи вложив пари бидејќи така се вика мојот внук, кој всушност е роден на ист ден како и принцот. Мислев дека ќе биде забавно да се обложам и мојот Арчи ми донесе среќа“, објасни добитничката.
“Ова е едно од најголемите изненадување во кралевската историја на обложувањето“ – изјавил газдата на кладилницата.