Додека ја водеше емисијата “Каде сме“ на турскиот ТВ канал Нет, водителот Ерем Шентурк прво го удри струја, а потоа за малку ќе паднеше.
Како што пренесуваат турските медиуми, популарниот водител во емисијата го погодил “електричен коронавирус“.
Имено, него го удрила струја откако го допрел дигиталниот екран во студиото, а потоа за малку ќе паднел пред очите на тв гледачите.
Шентрук сега се чувствува добро, соопштил менаџментот на ТВ каналот Нет.
-Ако го преживеам овој благословен петок, ќе продолжам и натаму да ја водам емисијата – се пошегувал водителот.