Новак Ѓоковиќ ќе остана во Австралија. Тој ја доби битката за укинувањето на визита од страна на австралиската влада и веднаш е ослободен од имиграцискиот притвор.
Судијата Ентони Кели нареди да се укине одлуката на Владата за откажување на визата на Ѓоковиќ, велејќи дека таквата одлука „била неразумна“.
На австралиската влада и е наложено да ги плати сите трошоци на Ѓоковиќ.
Судијата Кели нареди Ѓоковиќ да биде ослободен од имиграцискиот притвор во рок од 30 минути од наредбата, која беше прочитана на отворен суд околу 17.15 часот по австралиско време.
Адвокатот на Ѓоковиќ претходно тврдеше дека тениската ѕвезда била ставена во неправеден и/или неразумен процес.