Победничката н Роланд Гарос од 2010 години, италијанската тенисерка Франческа Скиавоне на својот Инстаграм профил сподели радосна вест.
“ Дозволете да ви кажам што се случуваше во последниве седум месеци во мојот живот. Ми беше дијагностициран тумор. Тоа беше најтешката битка која досега сум ја водела. И најдраго од се е што успеав да го победам. Кога ми рекоа дека го победив тумор, експлодирав од среќа. Подоготвена сум за нови проекти кои поради болеста не можев да ги реализирам. Наскоро повторно ќе се видиме – порача 39-годишната Скиавоне во видео пораката на Инстаграм.
Инаку, Франческа Скиавоне во своата кариера има освоено осум титули, а во 2011 година беше четврта тенисерка на светото.