Крајбрежната стража добила повик дека на плажата на самиот југ од островот, во градот Сент Агнес во Корнвол, некој паркирал автомобил на плажа.
Без да осудуваат никого, некои ќе заклучат дека со оглед на типот на автомобилот, за очекување било таков автомобил да се најде на плажа. Но, не толку блиску до водената линија, и на место каде што се случуваат големи вертикални осцилации на нивото на морето поради плимните промени.
И кога се паркирал, имало плима и водата надоаѓала. Немало ни трага од возачот кој го оставил автомобилот отворен бидејќи морето полека го носело. Спасувачката екипа добила повик во 08:30 часот, а автомобилот бил извлечен во 10:19 часот.
Судејќи според видеото по спасување на кое се гледа голема количина вода што се излева од автомобилот, сопственикот ќе има значителен трошок во напорите да го оживее.
Некои во коментарите бараа и сопственикот да плати казна за одземање на драгоценото време на спасувачите поради сопствената глупост. Трети, пак, само заклучија дека некои очигледно се подготвени да направат сѐ за да избегнат да платат 3 фунти за паркирање. Како и да е, има уште еден силен кандидат за Дарвиновата награда.