ГО ОТПЕА НАЈГОЛЕМИОТ ХИТ ВО 90-ТИТЕ, ПА ИСЧЕЗНА: Нема да ви се верува како изгледа денес (ФОТО)

by Тони Зографски

Натали Имбрулја се прослави во 1997 година со синглот Torn, кој беше дел од нејзиниот дебитантски албум Left of the Middle. Таа нумера ѝ донесе популарност ширум светот.

Иако ѝ предвидуваа успешна кариера, таа сепак реши да се повлече од јавната сцена и да му се посвети на семејниот живот. На 44 години станала мајка на едно момче. Живее мирен живот и, како што вели, тоа моментално најмногу ѝ годи.

Таа денес има 46 години, а изгледа како да не остарела ни ден. Како што признала самата, нема ништо против пластична хирургија и додала дека за добриот изглед може да им се заблагодари на естетските корекции, но и на добрата генетика.

„Можеби би требало да им се заблагодарам на моите родители за одличните гени“, рекла таа, додавајќи дека редовно планинари и се занимава со јога за да ја задржи добрата форма на телото.

Натали открила дека клучен дел од нејзината секојдневна рутина е редовната хидратација на организмот, но и на кожата.

„Премногу го сакам сонцето, па соодветно на тоа, ја негувам и својата кожа. На пример, пијам многу вода“, нагласила пејачката.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com