Познатата актерка Ребел Вилсон најпрво го привлече вниманието затоа што ослабе 50 килограми и стана целосно непрепознатлива. Многумина ѝ честитаа на упорноста, а потоа уште еднаш го изненади светот признавајќи дека сака жени.
Ребел Вилсон сподели фотографија на која позира со својата девојка Рамона Агрум и напиша на Инстаграм дека „можеби сè што ѝ требало цело ова време била принцезата на Дизни“.
Досега не се знаеше дали актерката имала врски со жени, а нејзината врска со милионерот Џејкоб Буш беше медиумски проследена.
Неодамна австралискиот весник Sydney Morning Herald ја контактирал бидејќи имале информации дека е геј и побарале нејзин коментар. Актерката веднаш ја објави гореспоменатата фотографија, на што овој весник одговори со текст во кој ја осудува дека самата споделила една од најважните и најчувствителните работи во животот – наместо да им дозволи да имаат светска ексклузива.
Сега популарната актерка објави фотографија на која се бакнува со својата партнерка, покажувајќи дека не ја интересираат негативни коментари и дека е среќна и задоволна.
После сè, Ребел Вилсон им се заблагодари на фановите за поддршката и истакна дека ѝ било тешко да се справи со целата ситуација, но сепак успеала.