Сандра Булок била видена првпат по смртта на својот сопруг Брајан Рендал којшто починал како последица на неизлечива болест – амиотрофична латерална склероза.
Парот немал заеднички деца, но Сандра посвоила две деца, синот Луис и ќерката Лејла, а Брајан има возрасна ќерка Скајлер од претходната врска.
Во Холивуд се шпекулирало дека тие двајца се неверојатно заљубени и среќни, а шокот следел во вид на соопштение дека Брајан починал на прагот на 60-тите затоа што никој не знаел дека тој е болен.
Сандра со години одбивала нови проекти, под парола дека сака да се посвети на децата и семејството, а никој тоа нејзино отсуство не го поврзал со можноста за болеста на нејзиниот сопруг.
Брајан 3 години живеел откако му ја воспоставиле дијагнозата.
Како се запознале Сандра и Брајан?
Актерката го ангажирала Брајан да го фотографира роденденот на нејзиниот син и така настанала љубовната бајка. Сандра го опишала како „светец“ откако му рекла дека има намера да посвои уште едно дете, а тој сето тоа го прифатил иако не биле долго време во врска.
„Му реков дека носам уште едно дете од Торонто, а тој беше среќен. Беше среќен што е покрај мене“, раскажала Сандра.
„Јас не се согласувам секогаш со него и тој не се согласува секогаш со мене, но тој е вистински татко, вистински пример за моите деца“.
Пред Брајан, Сандра имала неуспеси во љубовниот живот. Она што ѝ се случило, малку од жените би го преживеале.
Малкумина знаат дека таа била верена со Тејт Донован, потоа била во врска со фудбалерот Трој Ејкман, па со Метју Меконахи и со Рајан Гослинг.
Рајан Гослинг го запознала додека го снимале филмот „Убиство по броеви“, а врската се случила иако Сандра била постара од Рајан цели 16 години. Парот се раздвоил години подоцна, а сѐ поради огромното медиумско внимание со кое не можеле да се соочат.
После Гослинг Сандра првата огромна грешка ја направила кога во 2005 година се венчала за мотоциклистот Џеси Џејмсон којшто јавно ја изневерил со девојка која во јавноста била позната како „тату мајстор“.
Се зборувало и дека Џеси ја изневерувал со порно актерката Мишел Макги, а тој јавно истапил и кажал: „Да, ја изневерував својата сопруга“.
Понижена и уништена, Сандра одлучила да го започне животот без маж. Одлучила да посвои син, а потоа на неговиот роденден дошол Брајан кој ѝ го разубавил животот. Меѓутоа, за жал, нејзината бајка не траела долго. Неколку години парот уживал во љубовта, а потоа Брајан се разболел од неизлечива болест.