Ќерката на глумецот Алек Болдвин и глумицата Ким Бесинџер, Ајрлејнд Болдвин, на социјалните мрежи повторно објави голи фотографии. Овој пат Ајрлејнд позираше во сауна, во провокативен бел костим за капење под кој и се проѕираа гради.
Претходно таа го изнервира татко ѝ кога се појави на фотка на која на себе имаше само црна танга, високи црни чизми, а лицето го покрила со рацете.
Татко ѝ Алек Болдвин бурно реагираше на нејзините фотографии и посочи дека не му се допаѓа таквиот начин на однесување. Двајцата прекинаа да разговараат, сè до неодамна кога Ајрланд изјавила дека смртта на кошаркарот Коби Брајант ја поттикнала да размисли за повторно се смири со татко ѝ.