Легендарниот американски глумец Џек Николсон (84) е виден во јавност по речиси две години.
Тој се појавил на натпреварот ЛА Лејкерс, чијшто голем фан е, а пред да влезе во салата, делел автограми на бројните собрани обожаватели. Оскаровецот изгледал добро и здраво.
Николсон бил во друштво на својот син Реј (29) и внимателно го следел почетокот на сезоната на ЛА Лејкерс кои играа против Голден Стејт Вориорс.
„Џек изгледаше многу среќен што се врати“, рекол извор за „Е! Њуз“.
– Тој е амајлија за Лејкерси! Изгледаше одлично и беше многу внесен во играта, сѐ следеше внимателно, секоја акција, сѐ! – продолжил изворот.
Покрај Џек Николсон, натпреварот го следеле и други познати личности. Адел, Ашер, Џастин Бибер, Кевин Харт, Џејмс Корден, Кид Кади, Лил Вејн и Флојд Мејведер помладиот ги гледале Лејкерси како ги победуваат Вориорс со резултат 121-114.