На гробиштата „Мирогој“ во Загреб денеска беше погребан композиторот и лидерот на „Нови Фосили“, Рајко Дујмиќ кој почина на 4 август, откако беше во кома неколку дена откако со автомобил излета од патот.
Во почесната стража се менуваа Јасмин Ставрос, Јасенко Хоура, Жак Хоудек, Јасна Злокиќ, Владо Калембер и други.
Од Рајко со емотивен говор се прости неговиот долгодишен пријател и колега Ненад Нинчевиќ.
“ Не знам дали ќе можам“, рекол видно потресен Нинчевиќ кој се присетил на неколку анегдоти со Рајко.
“ Го мачеше само една работа, го сакаат ли луѓето толку колку што тој ги сака нив. Сега гледаш колку те сакаме. Рајко, сите твои пријатели дојдоа“, заврши Нинчевиќ.
Фото: 24 часа.хр