Главниот град на Колумбија, Богота, е познат по својата висока стапка на криминал, па дури и излегувањето на улица е понекогаш коцкање со животот или имотот за некои жители.
За лошата безбедносна ситуација одлично говори видеото од џепчија, кој наводно преку прозорец се обидел да ограби патник од градски автобус на станицата. Сепак, тоа не му успеало бидејќи му ја закачиле раката одвнатре и не го пуштале да избега.
Возачот не сакал да продолжи да вози бидејќи младиот човек висел со заглавена рака на прозорецот, а набрзо патниците дознале што се случува и решиле да му одржат лекција.
На видеото се гледа како толпата го опкружува крадецот, го клоца и удира како да е боксерска вреќа. Младиот човек не само што бил претепан, туку и ограбен, што се гледа на самиот крај кога некој му го вади паричникот од џебот од панталоните.
Calle Blue Radio јавува дека неколку граѓани повикале полиција додека други разговарале со патниците внатре, барајќи од нив да му ја ослободат раката на младиот човек за полесно да го претепаат кога ќе го спуштат.
https://twitter.com/i/status/1585990188668534784