Филмската легенда Кирк Даглас вчера беше погребан во Лос Анџелес, два дена откако почина на 103-годишна возраст.
Според „Фокс њуз“, Даглас во неговиот вечен дом, на гробиштата Вествуд, го испратиле членови на семејството,.
На церемонија биле неговата сопруга Ен (100), синовите Мајкл (75), Џоел (73) и Петер (64), снаата Кетрин Зита Џонс (50), внуците Камерон (40) и Дилан Мајкл(19), режисерот Стивен Спилберг (73) со семејството и други блиски пријатели.
Кирк Даглас е роден на 9 декември 1916 година, како Ишур Даниелович во градот Амстердам во сојузната држава Њујорк, во сиромашно семејство на еврејски имигранти кои потекнувале од место во денешна Белорусија.
Од почетокот на актерската кариера во 1946 година, се појавил во повеќе од 90 филмски улоги.