Кога Џон Фалкон од Њујорк ќе го каже тоа, постои најголема шанса и да е вистина.
Фалкон тврди дека го има најголемиот пенис во светот – над 34 сантиметри кога има ерекција, а таа титула неофицијално ја држи повеќе од дваесет години.
Тој – и неговиот „додаток“ – беа прикажани во документарни филмови и списанија. Фалкон се појави и во американското ток -шоу „The Daily Show“, каде тврдеше дека кожичката на неговиот целосен орган може да покрие рачка од врата.
Сега, во интервју за „Men’s Health“, Фалкон отворено зборуваше за тоа како е да се живее со толку голем пенис. Како што рече, не е воопшто забавно и призна дека има негативности во сето ова.
На прашањето што е најлошото нешто со кое се соочува, тој рече:
„Предрасуди. Поради некоја причина, да имам 34 плус сантиметри значи дека сум лоша личност или егоист или порно sвезда или глупав или сум жиголо “.
Тој, исто така, вели дека е болен од луѓето што бараат од него да го измери пенисот пред нив: „Го направив тоа 10.000 пати – многу повеќе!“-истакнува Фалкон.
Но, за разлика од многу мажи, тој вели дека е во состојба да избегне неизвесност за големината на пенисот и машкоста, која е распространета во општеството.
„Не ми треба луксузен автомобил, не ми треба пиштол, сакам да носам маска и така натаму, бидејќи не треба никому да ја докажувам својата машкост. „ Ќе носам розова облека, едноставно ми се може” – рече Фалкон.
Тој, исто така, тврди дека имал секс со неколку познати личности, како и дека редовно го „стартуваат“ на социјалните мрежи, луѓе од конзервативни земји.
Фалкон исто така откри дека има одредени практични работи што треба да ги направи поради неговиот голем пенис, како и дека мора да размислува за детали како што се панталоните што ќе ги носи и во кој џеб ќе го чува паричникот.
Тој објасни: „Моите тестиси се пропорционални по големина, затоа го завиткувам пенисот налево, така што ништо не ме притиска“.
„Исто така, ги имам„ инкогнито “панталоните што се широки, и го ставам паричникот во мојот лев џеб – за пенисот да не ми се оцртува преку пантолоните ќе биде видлив преку панталоните“-рече Фалкон.
За мажите кои се љубоморни на него, Фалкон ги советува да ја надминат несигурноста во врска со големината на пенисот.
„Згодното тело и силната личност ќе привлечат многу повеќе од голем пенис ако барате секс … Никој не се грижи дали имате мал, освен вие“- заклучи тој.
Comments are closed.