Српската водителка,Снежана Дакиќ итно е пренесена во Ургентниот центар, откако поради неверојатен мотив била погодена со камен по главата.
Како што дознава српски Курир, водителката пристигнала во Ургентниот центар со повреди на главата.
Откако ја добила потребната лекарска помош, Снежана објави видео на Инстаграм каде се обрати на нејзините следбеници:
– Почитувани, би сакала да ви кажам дека сум добро. Фала Богу! Се здобив со полесна повреда на главата. Се е во ред со коските и крвните садови. Ви благодарам што ми пишувате и нудите помош. Само сакам да кажам дека сум добро и дека се е во ред! Се работи за непознат напаѓач, кој мислам дека не ни знае која сум, го изнервира мирисот на мојот парфем – вели Снежана во видеото кое го објави на социјалните мрежи.