Гледачите на утринската емисија „Breakfast“ на Би-би-си ги насмеа „грешката“ на водителката, која набрзо заврши на сите социјални мрежи.
Во текот на емисијата, водителките Сали Нуџент и Џон Кеј ги коментираа актуелните наслови од весниците кога настана непријатна ситуација. Додека разговараа за земјиштето што се продава заедно со необичното милениче, водителката го зеде весникот и насочи директно кон камерата на страната на весникот на кој имаше жена во црн градник и гаќички.
Веднаш штом го виде тоа, водителот кој седеше до колешката веднаш поцрвене и направи гримаса. Водителката набрзо сфати што направи, па весникот го сврте на „десната страна“.
– Мислам дека веќе никој не гледа во градината на куќата – низ смеа прокоментирала водителот, на што водителката му кажа дека не знае што се случило.
– Има нешто на задната страна, не е важно – додаде тој, и двајцата се насмеаа. Фановите набрзо се огласија на Твитер за да го коментираат инцидентот на телевизија.
– Неговото лице кога виде што се случи, пресмешно – беше еден од коментарите.
You can sense the moment someone said in Sally’s ear “CHANGE THE ANGLE YOU’RE HOLDING THAT NEWSPAPER.” pic.twitter.com/veItsbXN2j
— Scott Bryan (@scottygb) August 30, 2022