Легендарниот фудбалер Франческо Тоти неодамна беше фотографиран на плажа во Мајами со нова девојка.

Како што пренесуваат странските медиуми, фудбалерот уживал во сончевите денови во друштво на Ноеми Бочи, а ова мало бегство од напорниот живот го искористиле за одмор. Сепак, двајцата не биле сами, друштво им правела и ќерката на Тоти, Шанел, од бракот со Илари Бласи.

Пред само неколку месеци јавноста беше шокирана од разводот на италијанскиот фудбалер и модел Илари Блази по 17 години брак. Тогаш медиумите опширно пишуваа за пропаѓање на една љубовна приказна, а двајцата помогнаа целата ситуација да прерасне во скандал.

<p>Ilrau Blazi je prevarila Totija, a utehu je našao u zanosnoj Noemi Boki</p>

Се дозна и дека за разводот била виновна Илари кој го изневерила фудбалерот.

Тоти претходно во едно интервју раскажал за крахот на својот брак и истакнал дека не е оптоварен со шпекулациите кои него и Илари ги следеле постојано, но потоа наишол на доказ за неверството на својата сопруга.

„Имаше гласини и во минатото, и за мене и за неа. Но, навистина тоа беа само гласини. Сега пронајдов доказ. Тоа стана факт. И, тоа ме доведе до депресија. Не можев да спијам. Се преправав дека е сè во ред, но тоа не бев повеќе јас стариот, беше некој целосно друг Тоти. Се извлеков од сето тоа благодарение на Ноеми“, признал Франческо Тоти.

Фудбалерот којшто цела своја кариера ја помина во Рома објаснил дека не ја изневерил Илари со Ноеми, туку нивната љубов започнала откако дознал дека сопругата му е неверна.