Калед Мохсен Ал Шаери тежел дури 609 килограми, а 12 години подоцна е целосно непрепознатлив!
Најдебелиот тинејџер на светот со само 17 години тежеше 609 килограми! Сега има 29 години и е целосно непрепознатлив, а во трансформацијата му помогнале строгите диети, физичката активност и 30 доктори!
Калед буквално бил спасен во 2013 година по наредба на кралот Абдула, кога бил изнесен од куќата со специјален кран, а за неговото здравје се грижеле речиси 30 лекари и му помогнале да ослабне.
Инаку, тој три години бил врзан за кревет во куќата, кој, според информациите, речиси бил уништен домот за да го извлечат со кран. Потоа со хеликоптер бил пренесен во болница, каде започнало неговото закрепнување.
Ова момче ослабе фантастични 546 килограми, а најпрвин се движеше само во специјална инвалидска количка, а дури во 2016 година прв пат прошета со помош на шетач. После тоа, во 2018 година, тој беше опериран за отстранување на вишокот кожа, а сега има 63 килограми и изгледа навистина драстично поинаку.