Џорџ Клуни (59) и Амал Клуни (42) веќе неколку месеци се тема на светските медиуми поради несогласувања во бракот за време на карантин, што наводно ескалирало со развод.
Имено, славниот пар не се согласува за тоа каде ќе живее кога нивните тригодишни близнаци ќе одат на училиште, па адвокатката се залага за живот во Велика Британија, а холивудскиот актер навива за Лос Ангелес.
Нивниот брак бил многу разнишан, а според „Ентертејмент тајмс“, Амал го избркала Џорџ од куќата, откако тој не се согласил со нејзината идеја за уште едно дете.
Двојката неодамна наводно се скарала толку жестоко што Клуни веднаш ја напуштил куќата каде што моментално живеат и не живеат заедно веќе еден месец.