Амбер Малтезе од Флорида која со 69 убоди го уби својот татко, се смеше во судницата на членовите на своето семејство, а притоа судот и изрече казна затвор од 30 години.
Амбер Малтезе призна вина за убиство од втор степен. Таа во февруари 2015-та година го убила татка си во стан во Мелбурн.
Таа пред убиството била на лечење поради ментална болест, а според полициските извештаи таа користела стрела, нож и рамка за слика за да го изврши бруталното убиство.
После убиството само по долна облека влегла во автомобил и побегнала од полицијата, но тие веднаш тргнале во потрага по неа, па на крајот самата се предала.
Таа била пуштена од установата за ментални болести денот кога го убила својот татко.