Најмладата милијардерка во светот Кајли Џенер откри дека и самата таа летала со хеликоптерот во кој загина Коби Брајант. Таа рекла дека минатата година го изнајмила истиот хеликоптер и летала со истиот пилот со кој леташе и Коби, 50- годишниот Ара Зобајан.
Хеликоптерот го изнајмила за роденденот на нејзината внука Дрим, пишува Дејли Меил.
Оттогаш уште неколкупати патувала со истиот хеликоптер.
„Почивајте во мир. Се молам за семејствата. Не можам да верувам дека ова се случи. Со тој хеликоптер летав и јас, исто и со тој пилот. Беше прекрасна личност. Држете ги своите блиски до себе“, напиша Кајли.