Вдовицата на убиениот претседател од Хаити, Мартин Моиз која е во болница, го опиша моментот кога таа и нејзиниот сопруг беа нападнати во нивниот дом.
Таа рече дека нападот се случил „толку брзо“ што нејзиниот сопруг Јовенел не бил во можност да каже нешто.
Мартин беше повреден во нападот и беше пренесена во болница во Мајами, пишува Би-Би-Си.
Во саботата, таа објави гласовна порака на социјалната мрежа Твитер во која рече дека ќе продолжи да ја работи својата работа. Бројни луѓе потврдија дека тоа е гласот на сопругата на претседателот.
„Со брзина на светлината влегоа во мојата куќа и го застрелаа мојот сопруг“, рече таа во порака, опишувајќи го моментот кога тој беше убиен.
– Треба да бидете бескрупулозен криминалец за да убиете претседател како Јовенел Моиза, без да му дадете шанса да каже ниту еден збор, продолжи таа.
Таа посочи дека нејзиниот сопруг бил мета од политички причини, особено затоа што бил споменат референдумот за промена на Уставот, што можело да му даде поголема моќ на претседателот.
Како што рече таа, поединци сакале да го убијат сонот на претседателот.
– Знаете против кого се бореше претседателот. Плачам, тоа е вистина, но не смееме да дозволиме земјата да отстапи од својот пат, истакна Мартин Моиз.
– Не можеме да дозволиме залудно да тече крвта на претседатело Моиз, мојот сопруг, нашиот претседател кого толку многу го сакаме и кој не сакаше, рече таа.
Претседателот на Хаити, Јовенел Моиз (53) беше убиен во средата во неговиот дом.
Сè уште не е јасно кој е нарачателот или кој е мотивот за атентатот, многу работи останаа нејасни, вклучително и како убијците можеле да влезат во имотот. Членовите на безбедноста на Моиз ќе бидат сослушани следната недела.
MESSAGE DE LA PREMIÈRE DAME MARTINE MOISE. pic.twitter.com/cFQW70xTFE
— Martine Moïse (@martinejmoise) July 10, 2021