Учителката Сара Бим од Тексас беше уапсена откако го заклучила својот син, кој бил позитивен на Ковид 19, во багажникот на автомобилот за да се заштити од вирусот.
Таа е обвинета за загрозување на дете, објави Би-Би-Си.
Сведок на настанот ја повикал полицијата. Учителката го отворила багажникот и внатре имало момче. Бим рече дека нејзиниот 13-годишен син бил позитивен на ковид-19 и дека го однела на стадионот Пријдеон на уште еден тест за да го потврди резултатот.
Наредникот Ричард Стандифер од Одделот за јавна безбедност во Тексас изјави за локалната ТВ станица KHOU 11 дека момчето можело да биде сериозно повредено доколку возилото завршило во судир.
„Никогаш не сум слушнал некој да биде ставен во багажник затоа што бил позитивен на било што“, вели наредникот Стандифер.