Во приватната битка околу старателството за синот, Северина го загуби спорот.
Судијката Теа Голуб донела привремена мерка и одлучила детето да живее со таткото кој самостојно треба да се грижи за здравјето и образованието на детето. Во одлуката судијката не навела на која адреса ќе живее малиот Александар.
„Задоволни сме со пресудата иако уште не е правосилна. Се надеваме дека мајката ќе ги почитува привремените мерки“, рекол за 24 Сата.хр адвокатот на Милан.
Инаку, хрватската пејачка и нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ, денеска требало да се состанат во Општинскиот граѓански суд во Загреб, но двајцата не се појавиле.
Адвокатите на Северина оваа одлука ќе се обидат да ја оспорат поднесувајќи жалба на истата.