Пејачката Џеси Џеј на социјалните мрежи сподели тажни вести. Имено, пејачката чие вистинско име е Џесика Корниш (33) на Инстаграм сподели фотографија на која е со солзи во очите и пишува дека трагично го изгубила своето неродено бебе, откако немало срцева акција.
„Одлучив сама да добијам дете“, започнала Џеси, која во октомври се раздели од партнерот Макс Фам.
„Вчера се шегував со другарка ми, како ќе пеам во Лос Анџелес, а да не им кажам на сите дека сум бремена? Но, вчера напладне, отидов на третиот ултразвук и дознав дека повеќе нема отчукувања на срцето. Немам контрола над своите емоции моментално. Можеби ќе ми биде жал што ова го споделувам со вас, можеби нема, не знам“, напишала таа.
„Да, одлучив сама да станам мајка, бидејќи тоа го сакав цел живот. А животот е краток. Самата бременост беше чудо и искуство кое никогаш нема да го заборавам. Знам дека повторно ќе го доживеам. Тагата е огромна и уште сум во шок. Знам дека милиони жени ширум светот ја почувствувале оваа болка. Ова е најосаменото чувство на светот“, напишала пејачката.
Пејачката оваа објава ја споделила пред нејзиниот настап во Лос Анџелес. Во нејзиното обраќање наведува дека иако можеби од неа сега се очекува да го откаже настапот, таа сепак ќе излезе на сцената, ќе пее и ќе зборува за болката која ја чувствува, бидејќи инаку не би била своја.