Популарната инфлуенсерка Аби Херберт неодамна се пожали на TikTok за неочекуван проблем со кој се соочила додека ја доела својата шестмесечна ќерка Попи.
Имено, оваа млада дама открила дека нејзиното мало девојче сака да цица само од десната града, што довело до тоа драстично да ѝ се зголеми во однос на левата.
“Од првиот ден, поради некоја причина, таа ја избра само десната града. Меѓутоа, се покажа дека заборавиле да ми кажат што може да се случи во тој случај, какви се последиците кога бебето е доено само од едната страна. Како што можете да видите – мојата десна града сега е тврда како камен и изгледа како да сум ставила имплант во неа“, рече Аби во видеото што стана вирално – го видоа речиси 11 милиони луѓе.
Видеото покажува дека нејзината десна града е навистина многу пати поголема од левата, но наскоро оваа блогерка објави уште едно видео во кое покажува дека ситуацијата не е постојано таква.
Имено, нејзините гради се враќаат во нормала, но по само 12 часа, едната повторно се зголемува.
Според порталот „The Sun“, причината за овој феномен е природна реакција на организмот – почнува да произведува повеќе млеко од едната страна за да може „понудата да ја следи побарувачката“.
Експертите посочуваат дека нема причина да се грижите бидејќи откако ќе се прекине доењето, градите ќе се намалат и ќе се вратат на приближно иста големина.
https://www.tiktok.com/@abbieherbert_/video/7017171267279129862?sender_device=pc&sender_web_id=6893031397654906374&is_from_webapp=v1&is_copy_url=0