Рами Малек го доби Оскарот за улогата на Фреди Меркјури, пејачот на групата Квин, во “Боемска Рапсодија“. Ова беше прв Оскар за 37-годишниот актер кој ќе се сеќава на синоќешниот спектакл и поради незгодата што му се случи по победничкиот говор кога падна од сцената. Откако му помогнаа останатите актери, била повикана и итната помош.
На Малек му е пружена лекарска помош, а подоцна не сакал да го коментира тој момент.
Според пишувањата на американските медиуми, Рами Малек по падот се движел нормално и давал нормални изјави на пресот по “Оскарите“.