Актерот Рајан Рејнолдс откри како се чувствува кога ја гледа својата сопруга, актерката Блејк Лајвли во интимни филмски сцени.
Актерката претходно зборуваше за тоа како се чувствува додека го гледа својот сопруг во провокативни секс сцени од филмот „Deadpool“, и слободно може да се каже дека таа не е најголемиот фан.

„Бев во авион со моето бебе. Овие денови тоа е еден вид тортура затоа што сум во авион и насекаде околу мене го гледам мојот сопруг во секс монтажа за време на празниците со друга жена бидејќи сите сакаат да го гледаат „Deadpool“ во авионот“, изјави актерката во емисијата на Џими Фалон.
„Не ми пречи толку“
На Рејнолдс, од друга страна, не му пречи да ја гледа Лајвли како се бакнува со други во филмовите. Во интервју за магазинот „Elle“, тој рече:
„Тоа не ми пречи толку многу. Не го гледам тоа на морничав начин. Луѓето не сфаќаат дека веднаш зад нив се наоѓаат 50 или 60 уморни, гладни, презафатени членови на тимот“.

Парот е во брак од 2012 година, а се венчаа по една година врска. Тие се запознале на снимањето на филмот „Green Lantern“ додека и двајцата биле во други врски.
Блејк на мета на критики
За потсетување, наводните тензии и несогласувања меѓу главните актери го засенија новиот филм „It Ends With Us“. Главните улоги во филмот ги толкуваат Блејк Лајвли и Џастин Балдони, кои според извори од филмската индустрија биле во конфликт. Во интервју за „Rolling Stone“, тие објаснија дека тензиите меѓу двајцата биле „јавна тајна“ на снимањето.
Шпекулациите за лошиот однос меѓу двајцата почнаа да се шират откако многумина забележаа дека актерите не го промовираат филмот заедно.

Тие ниту еднаш не се појавија заедно ниту се фотографираа за време на промотивниот дел од турнејата. Лајвли соработуваше со нејзините колешки на новинарски настани, како и со Колин Хувер, авторката на книгата на која се базира филмот. Балдони, пак, најголем дел од промотивните активности и појавувања ги одработи сам.
Наводно, конфликтот настанал откако Рајан Рејнолдс, сопругот на Блејк Лајвли, се вклучил во пишувањето на сценариото. Се истакнува дека Рејнолдс влијаел на носењето креативни одлуки со кои Балдони не се согласувал. Балдони, покрај главната улога во филмот, воедно е и негов режисер, додека Лајвли и Рејнолдс се продуценти. Многумина се сомневаат дека влијанието на познатата актерска двојка било значајно и дека Балдони не се согласувал со многу одлуки кои биле донесени.