Го врзал, му ја затворил устата и го убил како на филм: Македонец обвинет за свирепо убиство

by Тони Зографски

Апелациониот суд во Солун одобри екстрадиција на 34-годишен државјанин на Македонија, обвинет за брутален грабеж и убиство на 81-годишен Германец во градот Библис.

Според грчкиот „Катимерини“, телото на жртвата било пронајдено на 11 февруари во неговиот стан, два дена по злосторството. Германската истрага утврдила дека жртвата била врзана, со затворена уста, и најверојатно умрела од задушување.

Осомничениот престојувал кај жртвата како дел од работна група од Македонија. По злосторството, го напуштил Германија. Уапсен бил во мај на граничниот премин Евзони, при рутинска контрола, врз основа на европска потерница.

Иако пред судот во Солун побарал да не биде екстрадиран за да остане поблиску до семејството од Велес, грчките власти ја одобрија екстрадицијата. Во Германија го очекува судење за тешки кривични дела поврзани со насилство, грабеж и убиство.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com