Разбојниците успеале да влезат од задната врата и го нападнале Англичанецот, а потоа го врзале за стол за да може на мир да побараат тоа што им треба.
Откако го нашле накитот, кој е проценет на стотици илјади фунти, си заминале од домот на Кол. Полицијата во моментов објави дека се трага по криминалците, а не објавија никакви други детали, ниту колкава е штетата што е направена со грабежот.
„Крадците беа вистински професионалци. Влегоа од задната врата и знаеа што прават во секој момент. Целиот грабеж бил така добро испланиран…“, рекол извор близок до фудбалерот за англиските медиуми.