ГО БАТАЛИ МАНЕКЕНСТВОТО: Мисица го оставила луксузниот живот во градот и се вратила на село ( ФОТО)

by Тони Зографски

Хамамат Монтија од Гана се занимаваше со манекенство до 2016 година. Кратко потоа таа стана Мис Малаике, потоа Мис Гана и учествуваше на изборот за Мис Универзум Африка.

Нејзината убавина ѝ отвори многу врати. Хамамат морала да го напушти селото во кое пораснала за да почне да живее сосема поинаков живот. Нејзината кариера беше успешна и се чинеше дека ќе продолжи, но Монтија во еден момент сфатила дека таквиот живот не е за неа и се вратила во своето село.

24sata

Тамошните медиуми пишуваат дека на такво размислување ја навел разводот со сопругот со кој има две ќерки. Се соочила и со финансиски проблеми затоа што на почетокот не заработувала доволно за да ги покрие животните трошоци и затоа се вратила во своето село.

Во Гана ѝ помогнале роднините – ѝ носеле храна и ѝ помогнале да го започне животот од нула. Меѓутоа, пријателите кои ги запознала во градовите, ја исмевале што се вратила на село.

24sata

Сепак, на Хамамат не ѝ било грижа за тоа. Размислувала што може да направи за да им овозможи на своите деца пристоен живот. Тогаш забележала дека повеќето од селаните во нејзиното село живеат од производство на шеа путер, па и самата се вклучила во истото. Ѝ требало време да го научи бизнисот, но набрзо можела да започне бизнис.

Таа го лансирала брендот „Hamamat African Beauty“. Заедно со останатите членови од семејството, рачно произведува шеа путер и го продава. Охрабрена од успехот на брендот, таа се посветила на социјалните мрежи и повторно почнала да се занимава со манекенство.

Таа е популарна и на Инстаграм, каде ја следат повеќе од милион луѓе.

24sata

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com