Инцидент во познат ресторан во Скопје. Музичарите Н.Б. (36) и И.П.(34), во угостителски објект на бул. „Јане Сандански“ во Скопје, 50 минути по полноќ биле физички нападнати од двајца гости во локалот – К.М.(35) од Скопје и М.Б.(23) од тетовското село Брвеница.
МВР соопшти дека нападот утрово во шест часот во Полициската станица Аеродром го пријавил Н.Б., кому поради повредите му била укажана лекарска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Телесни повреди добил и И.П.
К.М. и М.Б. се приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.