Во Бјелина е снимена несекојдневна сцена во ресторан, каде што главен актер бил млад поштар, кој на крајот бил приведен во полициската станица во овој град.
Според БН, поштарот бил пијан, а во чантата имал нераспределени пензии.
Според изворот за медиумот, поштарот за возврат ги почестил гостите и почнал да им дели пензии на гостите на кафулето од маса на маса.
Во еден момент дошло до расправија, која завршила со тепачка.
Набргу пристигнала полицијата и пијаниот поштар го однела во полициска станица.
Според медиумот, полицијата на информативен разговор ја повикала и директорката на поштата во Бјелина.