Познатиот сплав на Дунав ви Белград „Фристајлер“, почнал да тоне околу еден часот по полноќ, откако бил преоптоварен со луѓе на новогодишната прослава.
Како што велат за Курир.рс очевидци кои ја дочекаа Новата година на овој сплав, сплавот бил толку преполн што тешко се дишело.
Беше преполно, едвај можеше да се дише. Нема сомнеж дека сплавот беше преоптоварен. Не ми е прв пат овде, но никогаш не сум видел толку многу луѓе – вели соговорникот на Курир.
– Се беше убаво додека наеднаш не се искрививме. Не сфативме веднаш што се случува, но кога ни се намокриа стапалата, настана вистински хаос. Пиштење, врескање и панично трчање кон излезот – приказната за српските медиуми на девојката која ја дочека Новата година на овој сплав.
Спред информациите, кога сплавот почнал да тоне, гостите панично истрчале надвор,пренесе Аваз.ба.
Полицијата и пожарникарите брзо пристигнале на местото на настанот и го евакуирале објектот. На местото на настанот биле испратени и две екипи на Брза помош, но според првичните информации нема повредени.