Сестрата на Кристијано Роналдо, Катија Авеиро предизвика бурни реакции ширум светот со една објава на социјалните мрежи.
Имено, кога дознала дека нејзиниот брат е заразен со коронавирус, Катија на Инстаграм напиша:
„Ако Роналдо треба да го разбуди светот, тогаш тој е Божјиот гласник. Му благодариме за тоа! Бидејќи илјадници луѓе ќе ја видат оваа пандемија, тестови и мерки и ќе го помислат истотото како и јас … Дека ова е најголемата измама што сме ја виделе“, објавила сестрата на Роналдо.