Вистинска драма се случува на улица ,,Народни херои“ број 23 во Општина Кисела Вода. Густ чад се крева од повисоките катови, а противпожарни екипи се стигнати на местото и се обидуваат да го изгасат пожарот.
Гори еден стан, а според првични информации зафатен е најмалку уште еден.
Пожарникарите се обидуваат да го стават пожарот под контрола, но немаат пристап до зградата, па интервенираат од најблиската улица.
Пристигнуваат и возила на брза помош.
ВИДЕО: Голем пожар беснее во Кисела Вода – Гори зграда
ВИДЕО: Голем пожар беснее во Кисела Вода – Гори зграда
Posted by Press24.mk on Monday, June 10, 2019