Во 6:55 часот пожарникарите добиле повик со кој ги известиле дека избувнал пожар со Секретаријатот за европски прашања – објави ТВ алсат-м. Повеќе од 4 противпожарни возила се на терен.
Вработените во Секретаријатот кои пристигнаа први, но не влегоа во зградата, за алсат – м велат дека пожарот започнал на првиот кат и според нив во зградата требало да биде само безбедноста. Пожарот е во североисточниот дел на зградата.
фото: Алсат-м