ГОРИ МИЛАНО СО “ЈУТРО ЈЕ“: Нада Топчагиќ пееше на роденденот на Ибрахимовиќ (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Златан Ибрахимовиќ вчера го прослави својот 40-ти роденден, голем број на гости во Милано, а меѓу ѕвездите и пејачката Нада Топчагиќ со нејзината песна „Јутро је“.

Нада дошла на прославата во друштво на сопругот Златко Ѓорѓевиќ и пријателите.

– На роденден на мојот драг Златан Ибрахимовиќ. Гори Милан со „Јутро је“. Благодарам Златан, благодарам Милано, благодарам свету! Ве сака и ве љуби Надица ! Повеќе информации наскоро – напишала Нада со сликаа со Златан и нејзиниот сопруг.

Топчагиќ беше на местото на забавата на Ибра, а тука беше и Пол Погба, и секако многу гости од Италија.

Инаку, Ибрахимовиќ за роденден си купи Ферари спајдер од половина милион евра.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com