Ешли Греам ги покажа своите стрии на црвениот тепих на доделувањето на MTV наградите и ги воодушеви жените ширум светот.
Плус-сајз манекенката се појави на доделувањето на MTV VMA во црн фустан со отвори што ги открија стриите кои што ги добила додека била бремена со близнаците Малахи и Роман.
Ешли со години се залага за позитивен однос кон телото и редовно зборува за природниот изглед на своите профили на социјалните мрежи. Таа на почетокот на годината роди близнаци, а после тоа објави моќна порака на својот Инстаграм профил.
„Го објавувам ова видео за сите мајки кои не се вратиле и можеби никогаш нема да се вратат на старите патеки, како и за сите оние на кои им треба потсетник дека телото е убаво во вистинската форма“, напиша таа тогаш, заедно со фотографија од нејзиното тело по бременоста.