Јорданската кралица Ранија е позната како една од најубавите, но и најдобро облечени жени на светот, а неодамна на веридбата на својот син докажала дека лесно може да ги засени и далеку помладите дами.
Оваа 51-годишна дама плени со посебна енергија, а ја краси навистина впечатлива убавина, истанчен вкус и беспрекорна елеганција.
Ранија овојпат се одлучила за софистицирана, прекрасна креација инспирирана од арапската култура и традиција. Таа заблескала во тоалета во црна боја со миди должина и волуменозни ракави која ја истакнала нејзината витка фигура.
Фустанот го красат и светкави детали од циркон во пределот на градите кои придонеле за свечен, гламурозен изглед. Кралицата го надополнила изданието со дискретни обетки, класични салонки во сребрена боја и брендирана сива чанта.
Нејзината идна снаа, Рајва Ал Саиф, се одлучила за нешто потрадиционално издание – фустан во маслинесто зелена боја како и бел кафтан со златен вез.
„Возбудена сум што својата трета ќерка, идната невеста на Ал Хусеин, Рајва, ќе ја дочекаме во нашето семејство. Среќни сме поради вас двајца. Имав две ќерки, а сега имам три“, напишала Ранија на Инстаграм под фотографиите со идната невеста.
Хусеин има 28 години, најстарото дете на кралската двојка. Дипломирал на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон, а неговата свршеница, дипломирала архитектура на Универзитетот Сиракуза во Њујорк.
Таткото на невестата, Калед Ал Саиф, ја води групата Ал Саиф, приватна компанија која се занимава со здравствена заштита, градежништво и безбедносни услуги. Локалните медиуми објавија дека и саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман телефонски им честитал на јорданскиот крал Абдула и на принцот Хусеин.