Никола Груевски, Гордана Јанкулоска и помошникот-министер Ѓоко Поповски треба да одат во затвор, одлучи денеска Врховниот суд, откако ги отфрли жалбите поднесени од осудените во случајот „Тенк“, и ги потврди пресудите изречени од Апелациониот суд, информираат од Врховен суд.
Предмет на обвинение во случајот „Тенк“ беше незаконски тендер за набавка на луксузен „мерцедес“. Екс-министерката во МВР, Јанкуловска со првостепената пресуда беше осудена на затворска казна во траење од шест години, а Апелација ѝ ја намали на четири.
На помошникот во МВР, Ѓоко Поповски, кој беше осуден на казна затвор од шест години и шест месеци, Апелацискиот суд му ја намали на четири години, додека екс премиерот, Никола Груевски доби затворска казна во висина од две годин