Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев од денеска покрај македонското ќе го има и италијанското државјанство.
Пандев целокупната своја професионална фудбалска кариера ја мина во Италија, со исклучок на едногодишниот настап за турски Галатасарај, па денеска официјално го доби статусот – државјанин на Италија.
Како што претходно самиот изјави, Пандев планира уште една година професионална кариера па потоа со посакуван настап со Македонија на Европското првенство 2020 да означи крај на активното играње фудбал.