Граѓаните ширум цела Македонија синоќа излегоа на улиците по победата на македонската фудбалска репрезентација на натпреварот против Грузија и историскиот пласман на Европското првенство.
Се славеше во Скопје, Велес, Тетово, Гостивар, Охрид, Прилеп, Кавадарци… а струмичани се собраа пред куќата на својот сограѓанин, капитенот на репрезентацијата Горан Пандев.
На социјалните мрежи се шират и видеа од атмосферата пред домот на Пандев каде се скандираше неговото име и презиме.