Во Тајланд, 23-годишен турист од Русија трчал гол низ улиците на северниот дел на Патаја и напаѓал минувачи без причина, па морал да биде приведен од полицијата.
Инцидентот се случил на 7 ноември околу 20 часот. Името на осомничениот не е објавено, а во моментов се чека психијатриска проценка на лудиот Русин, објави локалниот Pattaya News.
Полицајците и нивниот шеф, Навин Синтурат го уапсиле голиот Русин кој гласно пцуел на руски и ги напаѓал жителите со тупаници. Полицијата соопшти дека едвај комуницирала со уапсениот бидејќи не знаел или не сакал да зборува тајландски или англиски.
Русинот продолжил да им се заканува на полицајците, новинарите, службите за итна помош, случајните минувачи и лекарите додека го носеле во локалната болница за да го проверат дали има можна употреба на дрога или алкохол и да го смират.
Thailand welcomed hundreds of thousands of Russians after the invasion of Ukraine began, many of them conscription-age men fleeing mobilization. The country has a visa-free agreement with Russia.
This Russian psycho attacked a random Thai couple on the street in Pattaya. pic.twitter.com/HtBNspI10l— Igor Sushko (@igorsushko) November 8, 2023
Додека споменатиот турист од Руската Федерација гол трчал низ градот и им викал на минувачите, многу загрижени граѓани го снимиле неговото налудничаво трчање и снимката ја објавиле на социјалните мрежи. Русинот пришол на случаен пар и почнал да ги тепа без причина, а овој момент е забележан од камерите на очевидци.
После тоа, неколку Тајланѓани кои биле во близина го грабнале Русинот и го држеле додека не дошла полицијата и не го однеле во болница.
Осомничениот најверојатно ќе се соочи со повеќе обвиненија. Во моментов се чекаат резултатите од вештачењето кое ќе потврди или демантира дека туристот користел забранети опојни средства.