Папараците изминатата недела ја сретнале Никол Шерцингер пред Мејфер во Лондон. Згодната и исончана Никол Шерцингер повторно заблескала во провокативна креација.
Пејачката и овојпат воодушевила со изборот на фустан за извесен музички настан и уште еднаш докажала дека е жена на чија фигура ѝ одговара апсолутно сè. Додека многу познати девојки избегнуваат да носат облека со боја на кожа, бидејќи таа може да ги открие сите „недостатоци“, оваа пејачка го прави токму спротивното.
Една од најубавите жени на светот блеснала во светкавиот фустан со гол грб, чиј долен дел е проѕирен, а деколтето допира до половината.
Овој вид на фустан е еден најатрактивните и најзаводливите модели. Интересни се и светкавите детали на облеката и симбиозата меѓу гардеробата и чантата, а сандалите ништо помалку не отскокнувале.