26-годишната инфлуенсерка Алексис Шарки e пронајдена мртва покрај патот во Хјустон, откако некои минувачи виделе дека во грмушките се гледа голо тело.
Девојката исчезнала еден ден по американскиот Денот на благодарноста, а нејзината мајка Стејси Робинолт за американските медиуми изјави дека нејзината ќерка исчезнала откако се расправала со, засега неидентификувано лице на Денот на благодарноста.
Инфлуенсерката ја следеа повеќе од 21.000 следбеници на Инстаграм пред трагедијата, но по нејзината смрт тој број се искачи на 31.500.
Според американските медиуми, Алексис немала видливи повреди на телото, а истрагата за нејзината смрт е во тек.
Кога исчезнала, не го возела својот автомобил, а нејзината мајка истакна дека последен пат нејзината ќерка се слушнала со пријателите околу 18 часот, на денот на нејзиното исчезнување.
– Денот на благодарноста беше тежок ден за неа и за нас, па затоа се слушавме само попатно преку пораки. А петок, искрено, петокот го промашивме. Беше напорен ден, тој ден дури и не разговаравме, а потоа таа исчезна во петокот вечерта. Оттогаш не сме виделе и не сме чуле од неа – рече нејзината мајка пред да биде пронајдено телото.
Откако беше пронајдено телото, мајката за американските медиуми изјави дека е убедена дека станува збор за сомнителна смрт и дека „не може да биде несреќен случај“.